Европската агенција за лекови демантира: Не постои директна врска помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и згрутчувањето на крвта

6

Европската агенција за лекови соопшти денеска дека не постои директна врска помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и реткиот облик на згрутчување на крвта кај лицата кои ја примиле.

Од Европската агенција за лекови исто така порачаа дека се уште не е донесен заклучок и дека истражувањето е во тек, стои во соопштението доставено до „Франс Прес“.

Денеска, високиот функционер во Европската агенција за лекови, Марко Кавалери изјави дека сега е јасно дека постои директна врска помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и реткиот облик на згрутчување на крвта, но причината за тоа се уште не е целосно јасна.

„Според мене, можеме да кажеме уште сега дека постои врска помеѓу згрутчувањата на крвта и вакцината. Сепак, не знаеме точно што ја предизвикува оваа реакција“, изјави Кавалери.

Меѓу другото, Кавалиери во изјавата за италијански „Ил Месанџеро“ нагласи дека Европската агенција за лекови во следните неколку часа ќе го потврди тоа, меѓутоа оттаму следуваше демант.