Еден починат, 137 нови случаи и 58 оздравени од коронавирус

7

Во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19. Најмногу заболени, 53 има во Скопје, потоа 19 во Куманово и 10 во Гостивар. Во болнички услови починал 63 годишен пациент од Дебар. Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти.

Досега, во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.