Еднаш „крал“, засекогаш „крал“: „Роналдо на полувреме дојде во нашата соблекувална и…“

13

Идната ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус, синоќа го одигра најдобриот натпревар во дресот на „кралскиот“ клуб, откако со неговиот погодок започна падот на Барселона во големото дерби на Шпанија.

На „Сантијаго Бернабеу“ избраниците на Зинедин Зидан извојуваа победа од 2-0 против лутиот ривал, а двата гола беа постигнати во вториот дел. Во првите 45 минути Реал одигра далеку под очекуваното, но во вторите делуваше помоќно и заслужено го освои трите бода. По натпреварот интересна изјава даде херојот Винициус, откривајќи дека на паузата Кристијано Роналдо се појавил во соблекувалната и им даде поддршка на своите поранешни соиграчи.

„Роналдо на полувреме дојде во нашата соблекувална и ни даде морална поддршка. Затоа голот го прославив во негов стил, во знак на благодарност“, рече младата ѕвезда на Реал.

Покрај Винициус, мрежата на Барселоја ја затресе и Маријано Дијаз со погодок во 92. минута.