Експлозија во зграда во Германија, најмалку 25 повредени

15

Најмалку 25 лица се повредени во денешната експлозија во зграда во германскиот град Бланкенбург, јавија германските медиуми.

Локалната полиција на Твитер потврди дека до експлозијата дошло утрово, во 08.55 часот. Во тек е евакуација од зградата.

На местото на несреќата присутни се бројни полициски тимови, возила на Брза помош и спасувачки тимови.