ЕП го критикуваше Борисов и ги поддржа протестите во Бугарија

22

Европскиот парламент (ЕП) денеска усвои резолуција во која се критикува бугарската влада на Бојко Борисов која граѓаните на Бугарија ја обвинуваат за корупција и на улиците со месеци бараат оставка од неа.

Во резолуцијата се изразува „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ и неговите легитимни барања и тежнение за правда, транспарентност, одговорност и демократија“.

ЕП изрази загриженост поради усвојувањето на новиот изборен закон седум месеци пред парламентарните избори во Бугарија.

Европската комија и претходно изрази загриженост за независноста на правосудството во Бугарија и го критикуваше недостатокот на уверливите резултати од правосудството во борбата против корупцијата.