ЕП 2020 сигурно се одложува, УЕФА ги откажа хотелите во Копенхаген!

10

Во 13:00 часот се очекува состанок на УЕФА и најголемите фудбалски имиња во Европа на кој ќе се одлучува што ќе биде со преостанатиот дел од сезоната во првенствата, Лигата на шампионите, Лига Европа и Европското првенство 2020.

Ако им се верува на данските медиуми, УЕФА веќе го направи првиот потег со кој потврди дека континенталниот собир сигурно нема да се одигра во стандардниот термин. Потврда за тоа се откажаните хотели во Копенхаген, кој е еден од градовите домаќини на турнирот.

На стадионот „Телиа Паркен“ планирани се четири натпревари, три од групната фаза и еден од осминафиналето.

„Само еден хотел беше резервиран за нивните службеници, а тој е откажан, што значи дека околу 80% од капацитетот сега е празен.

Тие откажаа на последниот ден кога можете да го направите тоа, без да претрпите финансиски загуби“, пишуваат медиумите во Данска.

Приоритет на денешниот историски состанок ќе бидат националните првенства и Куповите, а потоа Европското првенство и неговата организација.