Ердоган под притисок на моќните лидери: Макрон, Меркел и Џонсон со јасна порака

9

Емануел Макрон, Ангела Меркел и Борис Џонсон во Лондон остварија „корисен“ разговор околу еден час со Реџеп Таип Ердоган, но „остануваат нејаснотии“, рече францускиот претседател.

Средбата, која беше организирана пред почетокот на самитот на НАТО, беше „добра и значајна“, рече германската канцеларка Меркел, но додаде дека разговорот може да биде само „почеток на подолга средба“, бидејќи времето беше ограничено за денес. Таа додаде дека следната средба е веројатно во февруари.

Макрон наведува дека на Ердоган му било кажано дека приоритет е борбата против џихадистите на Исламска држава и тероризмот во регионот.

„Сепак, не ги добивме сите објаснувања и нејаснотиите останаа“, рече францускиот претседател, кој претходно беше критикуван од Ердоган и кажа дека Макрон е во состојба на „мозочна смрт“.

Односите меѓу Париз и Анкара се затегнати уште од октомври кога Турција започна воена офанзива против курдските борци во северна Сирија. Овие борци се важни сојузници во борбата против џихадистите.

Имено, Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Турција дека соработува со сојузниците на Исламска држава и рече дека Анкара мора да ги расчисти овие нејаснотии за време на состаноците оваа недела.

„Терористичките групи денес се заеднички непријател. Жал ми е што можам да кажам дека немаме иста дефиниција за тероризам“, рече Макрон на прес-конференцијата што ја одржа со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.

Кога ја гледам Турција, тие се борат со оние кои се бореа рамо до рамо со нас против ИД, а понекогаш тие работат со сојузници на ИД“, истакна францускиот претседател.

Макрон исто така го отфрли повикот на Трамп за Париз да ги донесе своите странски борци дома, велејќи дека тоа не е приоритет. Тој рече дека фокусот треба да биде на решавање на проблемот на Исламската држава, која сè уште не е поразена.