Захарова: Земјите што протераа руски дипломати ќе добијат тежок одговор

7

Земјите кои протераа руски дипломати нема да ги затворат руските амбасади, бидејќи во спротивно ќе видат катанец на нивните амбасади, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Според неа, земјите кои протерале руски дипломати ќе добијат одговор кој ќе биде „тежок и во корист на Русија“, пренесе „Спутник“.

ЕУ и некои земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Шпанија и Италија, одлучија да протераат руски дипломати претходно оваа недела.