За Русковска е страшно што се повтори сценариото: Признава дека има пропусти

12

Се повтори ли сценариото кое се случи со Никола Груевски, сега и со Сашо Мијалков?

За овинителката Вилма Русковска тоа е страшно. Пропусти, како што тврди таа има, но не во обвинителството, кажа Русковска во интервју за 360 степени.

-Мене како човек лично ми е страшно што ни се повтори ова. Страшно е што постојано ни се повторува, вели обвинителката додавајќи дека од тие причини таа толку се ангажирала за да не се повтори тоа.

Каде лежи одговорноста за бегството на Сашо Мијалков, Вилма не сакаше да шпекулира.