Зеленски сакал да одржи говор на финалето на Светското првенство, ФИФА го одбила

15

ФИФА го одбила барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во недела пред почетокот на финалето на Светското првенство во фудбал да одржи говор.

Неименуван извор кажал за Си-ен-ен дека кабинетот на Зеленски побарал украинскиот претседател да им се обрати на навивачите во Катар преку видеоврска, но предлогот бил одбиен. Засега не е познато дали пораката на Зеленски требало да биде емитувана во живо или била снимена претходно.

„Мислевме дек ФИФА ќе сака да ја искористи својата платформа за порака за мир. Но треба да се напомене дека разговорите меѓу Украина и управното тело на ФИФА се сè уште во тек“, додал изворот на Си-ен-ен.

Ова непримерно барање не е изненадувачко во смисла на украинската надворешна политика. Киев повеќе пари се обиде да искористи големи светски настани, без оглед на нивната содржина, за собирање поддршка.

Зеленски преку видеоврска се обрати на повеќе настани, од самитот Г20 до Греми наградите и Филмскиот фестивал во Кан.