Зеленски составува закон против Русија: Ги поканува сите пријатели да го посетат Киев

1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мировните преговори со Русија почнуваат да „звучат пореалистично“, но дека е потребно повеќе време за да се постигне напредок.

„Состаноците продолжуваат и информиран сум дека позициите за време на преговорите веќе звучат пореално. Но, потребно е време за одлуки кои ќе бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во своето последно обраќање, пренесува Ројтерс.

„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно. Затоа што нашето небо се уште не е затворено за руски ракети и авиони. Одлуката да го зајакнеме нашиот арсенал во воздухот сè уште не е донесена. Не добивме авиони. Но, знаете дека сите очи се вперени кон нашиот главен град, кон Украинците. Сите што се со нас им должам благодарност. Не само ние, сите народи во светот се благодарни“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина.

„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки и чешкиот премиер Петер Фиал и неговиот словенечки колега Јанез Јанша пристигнаа во Киев со воз и се првите странски лидери кои ја посетија украинската престолнина по руската инвазија минатиот месец, пишува Ројтерс.

Посетата на премиерите на Чешка, Полска и Словенија, кои во вторникот пристигнаа во Киев, е силен гест на поддршка што ја почитуваме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информираше лидерите на овие земји за актуелните настани во војна со Русија.