Зеленски ќе се обрати на Советот за безбедност во ОН

8

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се обрати на состанокот на Советот за безбедност во ОН каде што се очекува да побара и нови санкции против Русија поради убиствата во градот Буча за кои вели дека се воени злосторства.

Неговиот говор денеска доаѓа, на само еден ден откако Зеленски го посети градот во кој, како што велат украинските власти, беа оставени тела на мртви цивили на улиците, во дворовите и домовите.

Страшните фотографии од трупови оставени на отворено, некои со врзани раце зад нив, предизвикаа меѓународна осуда на Русија. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека на рускиот лидер Владимир Путин треба да му се суди за воени злосторства.

„Овој човек е брутален, она што се случило во Буча е срамота“, рече вчера Бајден.

Лавров: Коментарот на Бајден за Путин покажува дека некои имаат проблем со совеста

Германија и Франција реагираа со протерување на десетици руски дипломати, посочувајќи дека тоа се шпиони.