Иако Реал прими три гола од пенал, Зидан не ги обвини судиите

17

Стратегот на Кралскиот клуб зборуваше по поразот од Валенсија и објасни зошто примија четири гола.

Реал Мадрид синоќа претрпе историски пораз на гостувањето во Валенсија. Неуспехот од 4:1 не е највисок пораз на Реал, но е првпат во историјата на еден меч да бидат досудени три пенали контра Кралскиот клуб. Карлос Солер ги изведе сите три пенали и во сите три обиди беше прецизен, со што стана првиот играч во Примера дивисион со три гола од белата точка на еден меч во 21 век.

По завршување на мечот, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не сакаше многу да ги коментира судиските одлуки и тој ја превзеде вината за поразот.

„Добро тргнавме и поведовме со 1:0. Сепак, по постигнатиот гол, едноставно паднавме. Се промени динамиката и сѐ што работевме добро. Едноставно, ни се случи сѐ лошо што може да се случи. Јас ги одбирам играчите кои ќе играат и верувам во тие фудбалери во секој момент кога се на теренот. Што се однесува до судењето, не сакам да коментирам. Не ги задевам судиите затоа што тие се оние кои судат. Не сакам да коментирам ниту за ВАР-технологијата. Нема изговор за еден ваков пораз. Едноставно, се распаднавме по првиот гол. Валенсија не беше тактички супериорна и моја вина е што загубивме. Морам да најдам решение за лошите резултати“, рече Зидан.