Ибер Деари избран со филмот “Сите го викат Реџо”

110

Во категоријата долгометражни играни филмови со македонски мнозински удел – дебитанти, најголема поддршка, по 374.898 евра добија Саша Станишиќ за филмот „Денот на жената“ и Ибер Деари за „Сите го викаат Реџо“

По наградуваниот дебитански долгометражен филм „Исцелител“, режисерот Ѓорче Ставрески ги доби максималните 489 илјади евра (30 милиони денари) од Агенцијата за филм  за својот втор филм „Трампи“. Филмот ќе се снима по негово сценарио, а во продукција на „Фрагмент филм“.
Агенцијата вчера ги објави резулатите од вториот рок за Конкурсот за финансирање на долгометражен, краток, документарен и анимиран филм, на кој се поддржани 15 проекти. Во тие 15 нема ниту еден анимиран филм.
Во категоријата долгометражни играни филмови со македонски мнозински удел – дебитанти, најголема поддршка, по 374.898 евра добија Саша Станишиќ за филмот „Денот на жената“ и Ибер Деари за „Сите го викаат Реџо“. Во оваа категорија поддржани се и филмовите: „Човек против јато“ на Тамара Котевска со 325.998 евра и „Осветлен“ на Срѓан Јаниќијевиќ со 350.448 евра.
Долгометражни играни филмови со македонски малцински удел ќе снимаат Александра Кардалевска со „Алка филм“ (146.700 евра за „Изгубената тајна), Матијас Малзиу со „Сестри и брат Митевски“ (65.200 евра за „Сирена во Париз“), Винчи Вог Анзловар со „Сектор филм“ (65.200 евра за „Дедо оди на југ“), Петра Келменди со „Лист продукција“ (48.900 за „Ера“), и Срѓан Вулетиќ со „Скопје филм студио“ (GUM, 44.010 евра).
Поддржани се два долгометражни документарци со македонски мнозински удел: „Нејзината приказна“ на Лидија Мојсовска, Марија Апчевска, Вардан Тозија и Тамара Котевска (сценарио на Мојсовска, Тозија, Котевска и Дина Дума) и „Ветената земја“ на Ќендрим Ријани, по сценарио на Венко Андоновски.
Во останатите категории, Агенцијата ги поддржа проектиете на Стефан Палитов, Алекс Цветков и на Сандра Ѓоргиева.