Ивановска: ЈО се уште работи под притисок и нарачки

5

Јавното обвинителство работи по нарачки, обвини претседателката на Антикорупциската комисија. Тврдењето го темели врз основа на тоа, како обвинителите реагираат по предметите кои антикорупционерите ги проследуваат кај нив.

Од Обвинителството ги отфрлаат, како што велат, паушалните обвинувања. Велат дека, нивната работа може да се цени само врз основа на сериозноста и квалитетот на доказите од кои произлегува одлуката.Ако се доказите добри или нема индиции за кривично дело, секако дека и постапката е пократка.

Во работниот план на антикорупционерите за следната година ќе се најде и проверката на имотната состојба на судиите и обвинителите, но бараат поголема ефикасност и од финансиската полиција и Финасиското разузнавање. До сега се отворени предмети за пет судии, кои се проследени понатаму, но се` уште немаат епилог. Премиерот останува на ставот дека мора да има прочистување во правосудниот систем.

За сугестијата од Европската унија дека сега не е време за прочистување во судството од Транспарентност велат дека тоа не е нивна работа.

Сепак, и Тасева укажува дека сега нема правна основа за ветинг, затоа што тој мора да биде заснован врз закон.