ИЗОЛИРАНИ СЕ ВО МОТЕЛ: На јужната граница се заразиле чешки полицајци

19

Чеси се заразиле со коронавирусот во Македонија.

Дванаесет чешки полицајци кои работеле на македонско-грчката граница се заразени со коронавирусот.

Странските државјани кои во Гевгелија се заразиле се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница.

Ова го соопштија од Министерството за здравство.

„Сите се изолирани во карантин во мотел “, велат од Министерството за здравство.

Ниту еден од нив немал симптоми, но на тестирањата тие биле позитивни. Во изолација се ставени сите нивни колеги со кои биле во контакт.

Полицајците се подготвувале да се вратат во Чешка, но сега ќе мора да останат во изолација.

Досега во Македонија над 600 луѓе починаа од коронавирусот.