Израелската армија уби 14-годишен Палестинец за време на операција во бегалски камп

5

 

Израелската армија денеска уби палестинско момче на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Наведено е дека 14-годишникот бил убиен во бегалскиот камп Дејшех во близина на Витлеем.

Израелската армија ја потврди воената операција во тој камп, при што, како што соопшти, врз војниците биле фрлени експлозивни направи и „молотови коктели“, а војниците „одговориле со средства за растерување нереди и отворање оган“.

Само од почетокот на оваа година, 14 Палестинци, цивили или членови на вооружени групи, се убиени во судирите со израелските сили и цивили на Западниот Брег, што е под израелска окупација од 1967 година.

По бранот палестински напади врз Израелците во март и април минатата година, армијата ги засили операциите во областа Џенин и Наблус, упоришта на вооружените палестински фракции на Западниот Брег.