Израел соопшти дека Блинкен „наскоро“ ќе го посети регионот кога ќе се одржи примирјето

6

Израелскиот министер за надворешни работи габи Ашкенази изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе го посети регионот во наредните денови, во услови кога денеска се почитува прекинот на огнот постигнат со посредство на Египет по 11-дневните судири меѓу Израел и Хамас.

Ашкенази на Твитер напиша дека Блинкен во телефонски разговор рекол оти „планира наскоро да го посети регионот“.

– Ја поздравив неговата одлука и му реков дека срдечно ќе го пречекаме и со нетрпение очекувам да продолжат нашите дискусии за унапредување на регионалните стратешки прашања за одржување на безбедноста на Израел и регионалната стабилност, напиша Ашкенази.

Во судирите загинаа 232 лица во Газа и 12 лица во Израел.

Според израелската армија, мнозинството убиени во Појасот Газа биле палестински милитанти. Според Министерството за здравство во Газа, околу една четвртина од жртвите се малолетници.

Меѓу убиените од израелска страна има војник, двајца работници од Тајланд и индиска медицинска сестра.