Илкова и Нацоски на јубилејниот концерт на „Скопски солисти“

20

Јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солити“ ќе се одржи вчерва, на 9 ноември (понеделник) во салонот на Националната опера и балет под наслов „Јубилеј 20 години уметничка дејност на Камерниот оркестар Скопски солисти“.

На концертот како солисти ќе настапат тенорот со светска кариера Благој Нацоски, познатата примадона Весна Гиновска-Илкова – сопран и виртуозниот обоист Томе Атанасов, а под диригентската палка на Иван Еминовиќ.