ИМАМ КОНЦЕПТ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА ПАРТИЈАТА Јован Деспотовски сериозно размислува да се кандидира за лидер на СДСМ

8

Актуелниот директор на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, размислува да се кандидира за лидер на СДСМ, но како што вели, утре ќе го соопшти конечниот одговор.

Деспотовски е член на СДСМ веќе 25 години и како што истакна, може да понуди нов концепт околу кој ќе се обедини не само партијата, туку и општеството.

– Не е лесно да се донесе одлука. Голем е предизвикот, а времето е доста комплицирано и одговорноста е огромна. Одлуката ќе ја соопштам во текот на утрешниот ден затоа што сакам денеска да се консултирам со моите најблиски, оти и нив ги вовлекувам во целата приказна – рече Деспотовски на денешната средба со новинарите во Дирекцијата на ТИРЗ.

Рокот за пријавување кандидатура истекува утре во 16 часот. Вонредниот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 12 декември, а лидерот на СДСМ во оставка, Зоран Заев, инсистира на тоа новиот партиски претседател да биде и мандатар за состав на владата.