Иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за надзорна расправа на пратениците за „Еуростандард банка“

8

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за одржување надзорна расправа за случајот „Еуростандард банка“. За иницијативата насловена како „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“ пратеничката група бара да биде ставена на гласање на првата наредна седница на Комисијата за финансирање и буџет. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за пропаѓањето на банката треба да се произнесат и стручњаци.

На својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски напиша дека пропаѓањето на „Еуростандард банка” е македонскиот втор „ТАТ”.

„Кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката? Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации“, напиша Милошоски.