Иран на црната листа на ФАТФ

4

Иран се најде на црната листа на глобалната организација за спречување на финансирање на тероризам ФАТФ, поради неуспехот да преземе мерка против перење пари и финансирање на терористички групи. Организацијата со седиште во Париз која ја поддржува борбата против перење пари и финансирање на тероризам во списокот во сивата зона ја наведе и Пакистан. Во соопштението на ФАТФ е наведено дека ја укинува суспензијата на санкциите што беше воведена во 2016 година со цел да му се даде време на Иран за реформирање. Организацијата ги повика сите 38 земји членки да преземат ефективни контрамерки.

Шефот на иранската Централна банка Абдолнасер Хемати изјави дека одлуката на ФАТФ е „политичка “ и дека нема да влијае врз надворешната трговија.

Оперативна група за финансиски акции или ФАТФ е меѓународна организација со цел спречување на перење пари и на финансирање на тероризам. Таа е формирана во септември 1989 година на самитот на групата „Г7“.