ИРИ: Филипче од министрите најдобро си ја врши работата

12

Министерот за здравство, Венко Филипче, меѓу сите министри во Владата најдобро си ја врши работата, вака се изјасниле најголем број граѓани во анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
На прашањето на ИРИ „Кои три министри од владата најдобро си ја работат својата работа, со изедначен вкупен процент од 17% се премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Филипче.
Како највредни во Владата, 13 отсто од испитаниците прво го спомнале претседателот на Владата Заев,а прв избор на граѓаните од министрите е Филипче, по него министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Локалните избори, квалитетот на животот и економијата, демократијата, се дел од прашањата кои Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), направи истражување за претстојните локални избори, а граѓаните го оценуваат квалитетот на животот, економијата и демократијата во земјата.