Италија во шок: До смрт избодени фудбалски судија и неговата девојка

7

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис и неговата девојка Елеонора Манта се пронајдени мртви во станот на судијата, во Лече синоќа, сомневањата се дека се убиени, пренесува Јутарњи.хр.

Според Ла Република, 33-годишниот судија и неговата три години помлада девојка пронајдени се избодени со нож.

Соседите наводно слушнале кавга, која претходела на стравичното злосторство, а според неофицијалните информации виден е и човек како трча со нож.

Веднаш ја повикале Итната помош, но и покрај брзата реакција Де Сантис и неговата девојка на местото на злосторството се пронајдени веќе починати. Полицијата сее уште го бара убиецот.