И сопствениците на Пелистерка и Тинекс биле уценувани од Боки 13, тврди Камчев

103

Бизнисменот Орце Камчев како клучен сведок во случајот „Рекет“ пред судот тврди дека не само тој, туку и сопствениците на Пелистерка и Тинекс платиле пари за да не им бидат отворени, како што тој ги нарече, измислени предмети.

Според Камчев, овие лица се уплашиле и не се одважиле да го кажат тоа.

Меѓу оние нешта за кои Камчев вели дека бил уценуван, тој се пожали дека додека бил во притвор, имал проблем и со притисоци околу документите и одобрението со кое требало да потпише за плати, бидејќи одобрението за да може да стави потпис му било дадено по 30 дена.

Поради ова, вели Камчев, трпеле и пациентите и вработените во Систина.