Кавани сака да се пресели само во еден клуб

19

По седум години и титулата најдобар стрелец во историјата на клубот, Единсон Кавани се очекува да си замине од ПСЖ.

Уругваецот ја донел одлуката за својата иднина која е поврзана само со еден клуб. Се работи за Атлетико Мадрид кој одамна бара напаѓач со карактеристиките на 32-годишниот голгетер.

Диего Симеоне се обидува да го убеди да се пресели на „Ванда Метрополитано“ и се чини дека во тоа успеа. Наводно, блиски извори до фудбалерот тврдат дека тој не размислува за ниту една друга опција.

Трансферот ќе се случи наредното лето, а за истиот „јорганџиите“ нема да платат ниту цент. Соработката меѓу Кавани и мадриѓани се очекува да трае три години.

Доаѓањето на „Ел Матадор“ ќе биде лоша вест за Диего Коста и Алваро Мората.