Камчев до Боки: Кажи ова е икс, ова ипсилон, тоа е сумата

4

На денешното рочиште за „Рекет“ во Кривичниот суд се пуштаат аудиоснимки од разговори меѓу бизнисменот Орце Камчев и првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски.

Во Кривичен суд денеска се презентираат десетици снимки направени од бизнисменот Орце Камчев за случајот „Рекет“. Адвокатите на првообвинетиот Бојан Јовановски и на второобвинетата Катица Јанева, ги оспоруваат снимките. Нивното образложение е дека немаат ниту датум ниту време и дека не може да се докаже кој со кого разговара.

Во една од снимките кои ги поседува ОЈО, Бојан Јовановски на Орце Камчев му вели:

„Не знам со кого си за да можам да разговарам“.

Орце Камчев на тоа одговора:

„Сам сум Боки, сам, возам кола! Немам ни шофер“.

Несигурен во одговорот Боки вели:

„Не знам, некако почувствував дека разговорот ни го слушаат“.

Изнервиран од ваквиот став на Јовановски, Камчев му вели:

Прочитајте и… Потребни се млади стручни кадри, дуалното образование важно за успешна економија
„Аман, не сме деца, ваљда знаеме што правиме“.

Во претходните разговори Камчев му вели на Јовановски:

„Кажи ти ова е толку, она волку. Кажи вака и вака треба. Јас и ти разговараме, не навлагам, ниту ме имтересира. Ти кажи ми што треба и сите да бидат среќни и задоволни. Јас сум директен“.

На поставеното прашање Јовановски одговара:

„Директен сум и јас. А, што ќе правам, тоа си е мое“.

Веднаш потоа следи одговор од Камчев кој вели:

„Не ме боли к..от што ќе правиш ти Боки, кажи ова е икс, ова ипсилон, тоа е сумата“.

Во друг разговор, Камчев му вика: „Боки кажи, шефе за ова треба волку, за ова толку, да си знам, да си планирам. Кажи ја сумата“, како доказ дека подоцна земал пари од него за да го спасува од „Империја“.