Кајли во затвор работи за 0,75 евра на час

6

 

Сменетата потпретседателка на Европскиот парламент и приведена на почетокот на декември минатата година во истрагата Катаргејт, Ева Кајли работи во затвор во Брисел за 0,75 евра на час, објавија белгиските медиуми.

Според медиумите Кајли се однесува како и секој друг затвореник и сега таа учествува во чистењето на просториите и во кујнски работи.

Пред да го изгуби статусот, Кајли работела за 7.146 евра месечно и имала на располагање уште 4.778 евра месечно за патни трошоци.

Одбраната на Кајли неодамна пријавила лоши услови во притворот, па дури и дека Кајли во еден момент била ставена во самица поради приговорите дека не и било дозволено да се тушира.

Кајли беше сместена во најновиот затвор во Белгија и еден од најмодерните во Европа и светот. Затворот е лоциран во предградието на Брисел. Обвинителите и судот го одбија нејзиното барање да биде ослободена со нараквица за следење.

Кајли е обвинета дека била дел од организирана криминална група која пружала политички услуги на Мароко и Катар за паричен надомест.