Кина најави контра-мерки: САД да се повлече или ќе мора да ги сноси последиците

7

Изјава од Министерството за надворешни работи од Народна Република Кина.

„Потпишувањето на таканаречениот „Закон за човекови права и демократија во Хонг Конг“ од страна на САД претставува сериозно мешање во функционирањето на Хонг Конг, кое е дел од внатрешните работи на Кина. Дополнително, ваквиот чекор е сериозно кршење на меѓународното право и основните норми што ги регулираат меѓународните закони. Кинеската влада и народот строго се спротивставуваат на ваквите хегемонични постапки.

Откако Хонг Конг беше вратен кон својата татковина, успехот на принципот „една земја, два системи“ е универзално признаен. Жителите на Хонг Конг уживаат во законски демократски права без преседан. САД ги занемарува фактите и ја извртува вистината. Отворено поддржа насилни криминалци кои неконтролирано уништуваат објекти, подметнуваат пожари, напаѓаат невини цивили, газат врз владеењето на правото и го загрозуваат социјалниот поредок. Срамниот и злонамерен мотив на нивните намери е целосно демаскиран. Нивната главна цел е да поткопување на стабилноста и просперитетот на Хонг Конг, саботажа на принципот „една земја, два системи“ и нарушување на обидите на кинеската нација да ја реализира големата обнова.

Ги потсетуваме САД дека Хонг Конг е дел од Кина и дека внатрешните работи на Хонг Конг се кинески внатрешни работи каде што надворешни влади или сили не смее да се мешаат. Овој закон само дополнително ќе ја разоткрие злонамерната и хегемоничната природа на американските намери пред кинескиот народ, вклучувајќи ги и нашите сонародници од Хонг Конг. И кинескиот народ единствено ќе застане во поголема солидарност. Обидите на САД се осудени на неуспех.

Кинеската влада е решена да се спротистави на странското мешање во внатрешните работи на Хонг Конг. Ние сме решени да го спроведиме принципот „една земја, два системи“ и да ги зачуваме националниот суверенитет, безбедноста и развојните интереси. Ги повикуваме САД да престанат да одат по погрешниот пат или Кина ќе превземе контра-мерки, а САД ќе мора да ги сносат последиците.”