КИНА ПРИЗНАВА: Нашите вакцини имаат помала ефикасност од останатите

17

Поради „помала делотворност на моментално расположливите вакцини се разгледува можноста за комбинирање на различни вакцини против Ковид-19, изјави вчера шефот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Гао Фу.

Тој посочува дека според досегашните податоци кинеските вакцини имаат помала ефикасност во однос на останатите, а нивната единствена предност е што полесни се за чување затоа што не бараат толку строги контролни температури.

-Вакцините кои во моментот се достапни немаат висока стапка на делотворност. Се разгледува користење на вакцини од различни технолошки линии, рече Гао Фу.

Двете вакцини на „Синофарм“ покажаа ефикасност против корона вирусот од 79,4 и 72,5 отсто, додека вакцината „Синовак“, како што покажаа клиничките испитувања во Бразил, имаат делотворност нешто повеќе од 50 отсто.

Инаку, Кина разви четири домашни вакцини кои се одобрени за јавна употреба.