Комисијата за европски прашања треба да расправа за измени на законот за ДДВ

0

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да  расправа за предложените измени и дополнувања  на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

Предложените измени се од пакетот три закони што ги предложи Владата до Собранието со европско знаменце, од кои за Предлог законот за данок на солидарност амандманската расправа беше заокружена вчера. Коморите и опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат повлекување на законот за данок на солидарност,  а според проценките на Управата за јавни приходи со него ќе бидат опфатени 200 компании, додека приходите во Буџетот би изнесувале околу 77 милиони евра.

Членовите на Комисијата треба да расправаат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по што за овие закони треба да се расправа во рамки на 120. седница на Собранието.