Консултации за влада во полн ек – Николовски и Груби на состанок во ресторан

39

Попладнево во еден скопски ресторан се сретнале генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби.

ТВ21 ги контактираше двете страни, од СДСМ велат дека се водат преговори за стабилна Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.

Од друга страна Груби за ТВ21 дека комуникацијата и средбите со СДСМ се секојдневни.