Коронавирусот влезе и во мак кошарката, двајца позитивни во Работнички

8

Коронавирусот влезе и во македонската клупска кошарка, откако денеска е потврдено дека двајца играчи на скопскиот прволигаш Работнички се позитивни на Ковид 19.

Работнички имаше закажано подготвителен натпревар против градскиот ривал Вардар, но мечот е одложен по двата позитивни теста на коронавирус во најтрофејниот македонски клуб.

Идентитетот на кошаркарите, согласно протоколите не е објавен, но според извештаите еден од заразените е од странцитево Работнички.

Во следните денови ќе уследи групно тестирање во Работнички, како и во двата тима кои последни играа контролни натпревари против скопскиот клуб, Куманово и ТФТ.

Новата кошаркарска сезона во Македонија треба да стартува на 3 октомври