Која личност е најгуглана во 2019 година?

16

Младата пејачка Били Ајлиш е најбараната личност на Гугл во 2019 година поради нејзиниот стил.

Позната по нејзината буги облека, во светот каде на црвениот тепих чекорат Ријана, Меган Маркл и Бијонсе, Били Ајлиш го презеде престолот – модна икона за изминатава година.

Били со свите 17 години, беше номинирана за шест Греми и освои две АМА награди. Со својот музички успех, младата пејачка редовно се појавуваше во екстравагантни комбинации.

Таа блескаше облечена во “Барбери” од глава до пети, пееше на модната ревија на „Шанел“, се фотографираше со Алесандро Микеле, а сето тоа ја донесе младата пејачка на прво место на списокот на Гугл.

Били Ајлиш се истакнува со уникатен музички стил, кој од ден на ден освојува сè повеќе луѓе.