Кремљ се огласи: Ништо не може да ги наруши односите меѓу Москва и Белград

10

По повод истрагата за снимката на која се гледа рускиот разузнавач како наводно предава пари на српски агент, се огласи Кремљ.

Како што е соопштено, Кремљ е сигурен дека ништо не може да ги наруши односите меѓу Москва и Белград, ја пренесе РТС веста на Ројтерс.

Потсетуваме, на социјалните мрежи е објавена видео-снимка на која се гледа руски разузнавач и како што е наведено, високопозициониран српски службеник, кој му предава пари.