Кумановски тутунски бос, Мексиканец со македонско потекло … на „црната листа“ должници на УЈП

8

Безмалку десет милијарди е сумата која ја должат јавни претпријатија на Управата за јавни приходи.

Ова станува јасно од последната листа на должници објавена од УЈП.

Имено, она што е позитивно на оваа листа е што бројто на должници – правни и физички лица од претходна листа е во пад.

Неминовни на црната листа на УЈП се и општини, јавни претпријатија, бизнисмени, знајни и помалку знајни фирми.

Закотвен на првото место на последната листа на УЈП е ТЕ-ТО АД Скопје а веднаш зад него на втора позиција е поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.

ЈП за одржување и заштита на магистрални и локални патишта, е сеуште прв на листата од сите државни должници и моментно неговиот долг е над четири милиони евра.

Македонската радиодифузија, општината Карпош, ЈСП „Скопје“, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловство се исто така на листата неплаќачи на данок на државата.

Должник и понатаму е и кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдији.