Локалот во ТЦ Бисер во кој синоќа се забавуваа млади, ќе добие забрана за работење

24

Со синоќешниот случај, во кој млади се забавуваа во локал во ТЦ Бисер во скопската општина Аеродром, е запознаен Пазарниот инспекторат и локалот ќе добие забрана за работење до 30 дена, пренесува „360 степени“.

Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 1 часот) е до полноќ.