Луксембург стана првата држава со бесплатен јавен превоз 

6

Луксембург е прва држава во светот што овозможи бесплатно користење на јавниот превоз. Автоматите за билети се отстранети, за контролори повеќе нема потреба. Билетите за јавен превоз станаа историја во Луксембург.

Планот првично беше објавен уште во 2018-та, а лани летото се планираше да се реализира. Сепак, одлуката беше одложена, па бесплатното возење започна годинава.