Македонија и Грузија без победник во Скопје

28

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија освои само бод во дербито на 4 коло против Грузија во Лигата на Нации.

На Арената „Тодор Проески “ во Скопје црвено жилтите ремизираа против незгодната Грузија играјќи 1-1.

Во првите 45 минути двете репрезентации повеќе размислуваа на одбраната на сопствениот гол.

Вториот дел започна поактивно, но Македонија остана со играч помалку во 67. минута откако по една гостинска контра, нашиот голман Столе Димитриевски истрча да ја расчисти опасноста, играше со рака и заработи црвен картон. Меѓу стативите застана Шишковски, а Несторовски излезе од игра, со што беше ослабнат нападот.

Водството за гостите стигна по нецели десет минути, откако Кварацхелија со силен удар ја затресе мрежата на „жолто-црвените“.

Сепак нашите фудбалери не се предаваа, а во судиското надополнување Македонија по прекршокот во шеснаесетникот над Зајков од пенал преку Алиоски го израмни резулатот и ги постави конечните Македонија – Грузија 1-1.

Двајцата селектори на овој дуел тактички не ги отворија сите карти, бидејќи двете селекции на 12 ноември во Тбилиси ќе одиграат историски меч во баражот од Лигата на Нации за пласман на Европскиот шампионат во 21 година.

Инаку во ремито во Скопје, Македонија остана на првото место на табелата во групата 2 заедно со Грузија на две кола до крајот.