Макрон најавува олеснување на мерките: „Го пребродивме најлошото“

64

Францускиот претседател Емануел Макрон најави попуштање на строгите антикорона-рестрикции во земјата. Чекор по чекор, јавниот живот треба повторно да заживее.

Уште од оваа сабота продавниците во Франција ќе бидат повторно отворени, со почитување на хигиенски правила, најави синоќа францускиот претседател во телевизиско обраќање. Граѓаните повторно ќе можат подолго да ги напуштаат своите домови –имено три часа дневно во радиуас од 20 километри. Досега беше дозволен само еден час на ден во радиус од еден километар, доколу не постои итна причина како патување до работно место или посета на лекар. Од викенд ќе бидат отворени и црквите, дадена е можност за одржување богослужби, но со максимално 30 верници.

Општите ограничувања на движењето, според зборовите на Макрон, би требало да бидат укинати на 15 декември, со оглед на континуираниот пад на бројот на новоинфицирани. Но, ќе остане во сила полициски час од 21 часот навечер до седум часот утрото. На божик и Нова година луѓето ќе можат да се движат слободно, а нема да има ограничувања ни за семејствата кои сакаат да патуваат за време на Божиќните празници. Предвидено е на 15 декември почнување со работа и на кината, театрите и музеите. Баровите и рестораните меѓутоа ќе останат затворени подолго – плановите на владата предвидуваат – до 20 јануари. Дури следната година ќе добијат дозвола да отворат и француските скијачки центри.