Малата Сторми Вебстер за Божиќ доби куќа за кукли голема колку еден стан! (ВИДЕО)

34

Ќерката на Кајли Џенер за Божиќ доби вистинска куќа. Крис Џенер на својата внука Сторми Вебстер и подари куќа за кукли голема колку некои куќи во кои живеат вистински луѓе.

Кајли на Јутјуб објави видео во кое Крис доаѓа до куќичката во божиќни пижами и наочари за сонце и весело се смее.

Крис била поттикната да одбере ваков подарок за својата внука бидејќи и Кајли имала иста таква куќичка кога била дете, па одлучила истото да и го подари и на нејзината внука. Мебелот што се наоѓа во куќичката на Сторми некогаш бил дел од куќичката на Кајли.

Многумина мислат дека ова е претерување и дека нема потреба едно дете да има куќа за кукли голема колку нечиј стан.