Мас: Нема сè да се промени под водство на Бајден, но ќе биде подобро

17

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека нема сè да се промени под водство на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, но дека ќе биде многу подобро.

Тој за германската телевизија Дојчландфунк оцени дека расправата за трошење пари за одбрана во рамките на НАТО нема да се промени, туку дека ќе се спроведе на поинаков начин.

Според Мас, расправата за трошоците за одбрана нема да биде толку во фокусот на Бајден.

Американскиот претседател Доналд Трамп честопати ја критикуваше Германија поради тоа што не ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти во рамките на НАТО алијансата.