МВР: Казнети 444 лица за неносење маски

9

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на држава изречени се 444 прекршочни мерки поради неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.