МВР: Преземаме мерки за пронаѓање мерки за пронаоѓање на Драганчо Стојменов

23

Полицијата вчера при редовна проверка не го пронашла Драганчо Стојменов во неговиот дом, согласно со процедурата за изречената мерка домашен притвор.

-На лицето Судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверка. При последната проверка извршена вчера е констатирно дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на Судот и затоа веднаш е известен Судот, велат од МВР.

По наредба на Судот, посочуваат, се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.