Мила Кунис и Ештон Качер собираат донации за украински бегалци

0

Актерката Мила Кунис, родена во Украина, и нејзиниот сопруг Ештон Качер соопштија дека ќе соберат над 3 милиони долари како донации за да помогнат во обезбедувањето непосредна хуманитарна помош за украинските бегалци што ја напуштаат земјата разурната од војната.

Двојката отвори страница GoFundMe во четвртокот со цел да се соберат пари за Flexport.org и Airbnb.org, две организации што се активни на терен обезбедувајќи итна помош на оние на кои им е најпотребна.

Мила, родена во Чернивиц, Украина, се појави покрај Ештон во видео споделено на неговиот инстаграм-профил, во кое таа првпат го прекина молкот за руската инвазија и јавно зборува за разорниот конфликт во нејзината родна земја.

„Јас сум родена во Украина во 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 година. Отсекогаш се сметав себеси за Американка“, вели 38-годишната актерка во видеото.

„Горда Американка. Го сакам сето она што оваа земја го направи за мене и за моето семејство. Но, денес никогаш не сум бил погорда што сум Украинка“.

Ештон додава дека многу се гордее што е оженет со Украинка.