Мила Царовска: Сексуалното образование прво во Скопје и Тетово

98

Три училишта се во Скопје и едно е во Тетово, рече министерката за образование Мила Царовска за тоа каде прво ќе започне да се применува пилот-програмата за сексуално образование. Од претходно беше познато две две од училиштата ќе бидат во урбана, а две во рурална средина.

– Станува збор за четири училишта од кои три во Скопје и едно во Тетово. Обуката на наставниците започна вчера од страна на Бирото за развој на образование, а се одвива со помош на академија и граѓански организација, рече Царовска денеска при посетата на училиштето „Златен Сремец“ во Кисела Вода.

Со обука на наставници денескавчера официјално започна пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.

Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН, ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција.