Мицевски: Господине Џафери, нека ви е со среќа интерпелацијата!

13

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и најави нова за спикерот Талат Џафери, затоа што сакал опозицијата да ја замолчи. Според координаторот на пратеничката група на опозициската партија Никола Мицевски, одлуката на спикерот Талат Џафери, да им го одземе правото на учество, затоа што задоцниле со доставување на списокот на дискутанти, е беспредметна.

– Безброј пати во минатото сме имале пропуштање од неколку часа на рокот кој што е даден. Но, не се однесувате подеднакво за сите закони. Ако отсега го прекршите Деловникот како што вие тоа го праевте досега јас ве уверувам дека сите 44 пратеници ќе ги имате тука на овој подиум додека не ја исправите грешката. Не случајно меѓународни релеванти инстиутции ве имаат вбројано во категоријата на хибриден режим. Затоа ние како пр. групи соглансо чл. 45 ќе ја разгледаме можноста за поднесување на интерпелација на носител на јавна функција, а тоа сте вие г. Талат Џафери и денес ќе ви дозволиме сами да си играте Собрание. Продолжете да си глумите театар, ама јавноста и релевантинте инстиуции, ќе го осудат овој начин на однесување. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде овде за да ви биде параван за вашето авторитарно однесување. Затоа нека ви е со среќа интерпелацијата. Бидете спокоен министре Спасовски, колегите ќе ве одбранат, но за жал немавте можност да слушнете што мислат граѓаните и опозицијата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти оваа интерпелација, рече Мицевски.

Координаторот на пратеничкатча група на СДСМ Јован Митревски, кој веднаш на стартот на седницата за интерпелацијта на првиот полицаец ја информираше јавноста дека не поднеле список на говорници бидејќи сметаат дека интерплацијата е беспредметна. Во интерпелацијата пишува „сега сите пратеници имаат можност да се докажат дали се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство“.

-Сашо Мијалков е уапсен и е затворен и е осуден од судските органи врз основа на фактите и аргументите кои ги ценеле во судсктата постапка. МВР и Оливер Споасовски ја звршиле таа работа согласно тоа оваа интерпелација е беспредметна.

-Ваков театар за жал, скапо платен досега не се случил во Собранието. Никогаш во историјата на Собранието, верувам дека и во ниту едно друго, не се случило опозицијата да поднесе интерпелации и сама да бара да се тргнат од дневниот ред. Тоа се претходните интерпелации за минстрите Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски. Денес кога има интерпелација поднесена од друга пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ не доставиле список навремено и за тоа некој друг им е крив и тоа сакаат да го прикажат како некаков наводен обид да се замолчи опозицијата. Ние цел ден чекаме и долго време ги чекавме опозициите на Маричиќ и Николовски за да ги соочиме аргументите, тие ги повлекуваат. Денес ги чекаме цел ден да ги соочиме аргументите и за министерот Спасовски еве избегаа од салата. Почитувани граѓани ова е со единствена цел, ќе дојде и времето за гласање на интерпелација. Тие бегаат за да не види јавноста колку малку ги има и колку малку даваат поддршка на новите партии од кои доаѓаат како пратеници предложени од тие партии. Ние ќе продолжиме да дискутираме. Опозицијата ја повикувам уште еднаш да расзмисли што ќе прави затоа што ние сме избрани од граѓаните и треба да работиме за граѓаните, рече Митревски.

Согласно Деловникот интерпелација за министер трае еден ден до полноќ.