Мицкоски повикан во полициска станица за седењето во кафеана во Дебар маало

29

Христијан Мицкоски е повикан во полициска станица „Центар“ за случајот во кафеаната во Дебар маало, пишува fokus.mk.

Лидерот на опозициската станица на почетокот на месецот беше забележан од инспектори како излегува од угостителски објект во период во кој беше забрането да се служат гости во внатрешноста, како една од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

Уште тогаш беше најавено дека против Мицкоски ќе биде поднесена прекршочна пријава.