Мицкоски се сретна со Орбан, разговарале за евроинтеграциите и регионот

8

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски во Словенија на маргините на централниот настан на ЦДИ оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската ФИДЕШ.

На средбата се разговараше за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ.

Се потенцираше потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски покрај со хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Пленковиќ и со премиерот на Унгарија Орбан договори заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори.

Мицкоски исто така се заблагодари на поддршката на Унгарија која ја добива во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија.

Во текот на денот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски оствари и средба со меѓународниот секретар на ЕПП Патрик Волер.

На средбата се разговараше за зголемена соработка со Европската Народна Партија чија членка е ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на стратешките и национални интереси на Македонија. Беше изразена поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ЕПП и беше разговарано за идни планови за соработка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ