Мијалков се појави и ја снема меѓународната потерница

9

Само неколку часа откако поранешниот директор на УБК се појави во Обвинителството за организиран криминал, од сајтот на МВР е повлечена меѓународната потерница против него.

МВР вчера прво објави национална, а потоа и меѓународна потерница Мијалков, кој денска сам се пријави во Обвинителството, по дводневна потрага по него.

Мијалков од вечерва е во домашен притвор, откако околу три часа беше задржан во Обвинителството за организиран криминал. Во петок се очекува тој да присуствува на изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“, каде што е обвинет за три кривични дела.